ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Се врати хаосот пред шалтерите за менување документи

Се врати хаосот пред шалтерите за менување лични документи. Ваква беше атмосферата денеска на просториите на службите на МВР за издавање пасоши по брза постапка.

Advertisements

Револтираните граѓани велат дека се чувствуваат заробени во сопствената држава.

Министерството за внатрешни работи соопштува дека до 14 февруари 2024 година се заменети над 1,3 милиони пасоши.

„Од 5 јуни 2021 година до 14 февруари 2024 година, бројот на издадени легитимации со новото име на државата е 1.131.355, бројот на граѓани кои добиле пасоши со новото име на државата е 1.324.942, а бројот на граѓани кои добиле возачки дозволи со новото име на државата е 587.193“, рекоа од МВР.

Околу еден милион граѓани сè уште ги немаат сменето личните документи, а проблем останува нефункционалната телефонска линија за закажување и чекањето и до два месеци за добивање на пасошот.

Од 12 февруари не може да се патува во странство со патна исправа со старото име на државата. Граѓаните кои се во странство и имаат таков пасош, за да се вратат мора да извадат посебен документ на ливче од дипломатските претставништва надлежни за земјата каде што се наоѓаат.

Авни Тахири

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button