Седумнаесетта година по ред Фондацијата „Трајче Мукаетов“ доделува стипендии за студенти на Фармацевтскиот и на Медицинскиот факултет при УКИМ
Седумнаесетта година по ред Фондацијата „Трајче Мукаетов“ доделува 40 стипендии за студенти на Фармацевтскиот и на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје.
За новата академска година се доделуваат 40 нови стипендии, од кои 20 за студенти на Фармацевтскиот и 20 за студенти на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје. И оваа година Фондацијата доделува еднократна парична награда од 1.200 евра во денарска противвредност за првенците на генерација на двата факултета. Добитници на оваа награда годинава се Фросина Димоска од Фармацевтскиот факултет и Aнастасија Петличковска од Медицинскиот факултет. Првенците се досегашни стипендисти на Фондацијата „Трајче Мукаетов“.
Во седумнаесетте години постоење Фондацијата „Трајче Мукаетов“ стипендирала вкупно 699 студенти по фармација и по медицина при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје и инвестирала близу 141 милион денари по основ на стипендии и на еднократни парични награди за првенците на генерација.