СПОРТ

Сејдини е реизбран за претседател на ффм

Денеска на Изборното собрание во хотелот „Александар Палас“, Сејдини едногласно беше изгласан за претседател на ФФМ од делегатите кои беа присутни, вкупно 52. Тој беше единствениот кандидат па од поодамна се знаеше ваквиот епилог.

„На секое минато Собрание на ФФМ велевме „Нашата федерација е заслужна за подобрување на условите во македонскиот фудбал, но кога се во прашање резултатите на Националниот тим ситуацијата е кокмплексна бидејќи сите очи се вперени во федерацијата. Тогаш резултатите не ни беа во прилог и најлесно беше прстот да се впери кон наса. Сега сме на Европско првенство, федерацијата и репрезентацијата ги живеат најсветлите моменти во историјата, но и иова за некое не е успех во нивните очи. За мене, за УО на федерацијата, а верувам и за вас, ова се моменти на гордост и ислава. Македонскиот фудбал после две децении конечно нѐ сплоти и израдува. За неколку месеци за прв пат во нашата историја македонската A репрезентација ќе настапи на Европско првенство и навистина сме среќни што ќе бидеме меѓу најдобрите во Европа“, вели Сејдини.

Дел од општинските сојузи го бојкотираа собранието, беа присутни вкупно 52 делагати од 96. Немаше претставници на ОФС Тетово, ОФС Кочани, ОФС Струмица.

Сејдини заслугите за пласманот на Европскокто првенство си ги препиша како успех на федерацијата, а во меѓувреме успеа да ги сврти против себе оние кои реално го направија тој успех, капитенот Горан Пандев, селекторот Игор Ангеловски и останатите членови на репрезентацијата, момците кои гинеа на теренот за да испишат историја.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button