ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Владата без коментар за иницијативите пред Уставен

Владата не ги коментира иницијативите во Уставниот суд за проценка на објавувањето на указот за законот за јазиците и указот за законот за ратификација на Договорот од Преспа. Владата смета дека постапките се законски.

„Владата стои зад законот за употреба на јазиците, како и договорот од Преспа и се залага за нивно спроведување во пракса. Сметаме дека се испочитувани сите постапки за време на донесувањето на законите и за време на потпишувањето на Договорот од Преспа“, рече Мухамед Хоџа, портпарол на Владата.

Почнувајќи од вчера, Уставниот суд на неколку подготвителни рочишта ќе ги разгледува аргументите на иницијаторите. Тоа се ВМРО-ДПМНЕ, „Левица“, Светскиот македонски конгрес, професорката Солза Грчева и други лица.

Тие го обвинуваат Уставниот суд за намерно одложување на одлуката. Според нив, судот треба да донесе одлука дали објавувањето на указите на двата закона во Службен весник, без потпис на шефот на државата е уставно или не. Уставниот суд информираше дека го одложиле разгледувањето на овие иницијативи, бидејќи имало повеќе други приоритети.

И двата закона, беа донесени по втор пат со 2/3 од гласовите во 2018 година. Потоа беа објавени во Службен весник само со потпис на претседателот на Парламентот Талат Џафери, бидејќи тогашниот претседател Ѓорге Иванов одби да ги потпише указите.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button