СПОРТФУДБАЛ

Сејдини: Фудбалот ги обединува луѓето

Шефот на Фудбалската федерација на Македонија, Мухамет Сејдини, во вечерашното гостување во емисијата „200“ на Алсат, рече дека фудбалот и спортот воопшто ги обединуваат луѓето, исто како што ги обединил 96-те делегати на ФФМ кои ја дадоа својата поддршка за првпат оваа спортска институција да ја предводи Албанец. Според него, времето на стереотипите помина и сега со работа и посветеност се стекнува довербата да се водат релевантни институции, вклучително и оние од спортот.

„Од 96 делегати на ФФМ, 20 се Албанци и 76 Македонци и тие ме избираат за претседател, јас го ценам и ценам она што се случи на тој конгрес, давајќи му доверба на еден Албанец. Што значи дека помина времето на стереотипите, ова ќе го оправдам со фактот дека во Тбилиси, кога македонската репрезентација ја победи Грузија, во сите албански градови, во сите кафулиња, како никогаш порано, сите се навиваа да победи Македонија, без оглед дали станува збор за Албанци, Македонци, Турци, Роми или од која било друга националност. Мислам дека спортот или фудбалот воопшто ги обединува луѓето“, изјави Сејдини.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button