СПОРТ

Серена Вилијамс нема да игра на Мастерс турнирот во Мадрид

Американската тенисерка Серена Вилијамс, откако ја одби поканата за турнирот во Мајами, Монте Карло и Барселона, денеска потврди дека нема да игра на Мастерс турнирот во Мадрид. Вилијамс нема настап од Грен слемот на „Австралија опен 2020“ и се очекува да се врати на терените кон средината на мај.

„Серена се подготвува за своето деби на песочен терен. Верувам дека таа ќе се врати да игра на турнирот во Рим, а потоа и „Ролан Гарос“. Нејзината цел е триумф на грен слемот во Париз“, рече нејзиниот тренер, Патрик Муратоглу.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button