
Шампионот Струга Трим Лум му гостува на Вардар на комплексот на ФФМ во 16.коло од Првата фудбалска лига. Тимот на Шпетим Дуро ќе биде без најдобриот стрелец Бесарт Ибраими поради жолти картони, но и покрај тоа стружани се надеваат на трите бода.
„Ние се подготвивме максимално за овие преостанати натпревари, почнувајќи од натпреварот против Вардар. Нема да биде лесен натпревар, но нема да грешиме и ќе дадеме сѐ од себе да оствариме победа на натпреварот, затоа што секој друг резултат ќе биде како да сме изгубиле“, изјави искусниот фудбалер од средниот ред, Буњамин Шабани.
Шкупи ќе му гостува на Гостивар на стадионот „Младост“ во Струмица, а само стотина метри подалеку на својот стадион Брера ќе го пречека составот на Бреганица. Во Тетово, Шкендија ќе биде домаќин на Работнички, додека во Охрид, Воска ќе се сретне со Тиквеш. Сите натпревари почнуваат од 13 часот.
Прва Лига, 16. Коло (13 часот)
Вардар – Струга Тл
Шкендија – Работнички
Гостивар – Шкупи
Воска – Тиквеш
Македонија Ѓп – Силекс
Брера – Брегалница