СПОРТ

Шахистите на Алкалоид освоија шампионски титули

Шахистите на Алкалоид освоија шампионски титули

Алкалоид освои двојна круна на Екипните шампионати во шах на Македонија за 2023 година и ја потврди доминацијата. И машката и женската екипа со седум победи во седум кола стигнаа до трофеи во својата конкуренција. Како што информираа од Алкалоид, за нивната машка екипа ова е 11-тта последователна титула и вкупно 25-та од вкупно одржани 31 Екипен шампионат во сениорска конкуренција. Шахистите на Алкалоид претходно ги понесоа и индивидуалните титули за 2023 година, Моника Стојковска во женска и Звонко Станојоски во машка конкуренција. /Alsat.mk

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button