СПОРТФУДБАЛ

Шкендија пет натпревари без постигнат гол

Актуелниот шампион на Македонија, Шкендија, нема постигнато гол на пет последователни натпревари, вклучувајќи ги и натпреварите во европските натпреварувања. По натпреварот со Тиквеш кој заврши 0:0 на почетокот на новата сезона од Првата лига, тренерот на црвено – црните, Бруно Акраповиќ, истакна дека играчите на тетовскиот тим треба да работат повеќе за да ги реализираат шансите за гол. Акараповиќ нагласи дека ќе бара офанзивна игра наместо посед на топка. Шкендија, освен против Тиквеш, не успеа да постигне гол и во двата натпревари со Мура во Лига на шампионите и Рига во Лига на конференциите.

„Да, фудбалот се игра за голови. Ја испуштивме можноста да постигнеме гол и во првото и во второто полувреме од 100% шанси.. Најтешко во фудбалот е да се постигне гол, а најлесно е да се прими. Целосно сум задоволен од второто полувреме, имавме многу шанси. Но, од типот на играчи што ги имаме, многу од нив не бараат да влезат во шеснаесетникот и затоа од тој голем посед на топката ја пропуштивме можноста да создадеме уште повеќе шанси. Ако не постигнеме гол по 6 – 7  100% прилики, треба да создадеме уште 5 – 6 шанси. Во овој аспект, ние мора да работиме и ќе работиме“, вели Бруно Акраповиќ, тренер на ФК Шкендија.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button