ЗДРАВСТВО

Што да правите ако вашето дете има тантруми?

Вашето дете често има тантруми, односно неконтролирани изливи на бес, вришти, плаче, се фрла на под, удира со рацете и нозете, се валка на подот, гризе и шутира, ја мава гавата во ѕид и слично.

Пробавте да разговарате, но нема успех бидејќи детето не може да ве слушне во таква ситуација, потоа пробавте да го кренете од подот со намера да го гушнете и да го смирите, но после тоа – беснилото се засилува, а детето почнува да мава по вас и да бега.

Вие, почнувате да чувствувате бес и самите и почнувате да викате „Тоа е лошо однесување, не смееш така да правиш…“. Се прашувате каде сте згрешиле и како да се однесувате.

Интензитетот на оваа појава варира од дете до дете, односно зависи од неговиот темперамент и опкружувањето во кое се наоѓа. Еднакво се чести и кај момчињата и кај девојчињата, кај некои се јавуваат многу ретко, а кај некои често.

Како да реагирате на тантруми?

Она што најмногу ве интересира е како да се справите, да останете смирени, бидејќи е познато дека и најсмирените родители во тие ситуации го губат трепението.

Пред да реагирате со бес, застанате и потсетете се дека вашиот бес нема да го намали неговиот.

Немојте да реагирате веднаш, во истиот момент штом детето почне со тантрумот, наместо тоа земете длабоко воздух, направете пауза од 30 секунди за да имате време да размислите како е најдобро да постапите и да излезете на крај со ситуацијата. Но, не заборавајте дека се работи за нормална фаза во развојот на детето, не сте вие виновни за тоа, не е ваша грешка. Тоа е здрав начин детето да ја исфрли негативната енергија и фрустрацијата.

  • Дајте му на детето физичка безбедност
  • Однесете го на сигурно место каде што нема да може да се повреди себе и другите, а доколку е надвор од контрола, потребно е цврсто, но смирено да го придржувате за да нема дополнителни повреди.

Ако имате ваква ситуација: детето дошло во градника со мечето. Но кога си оди не може да го најдете и почнува да се фрла на под, да вика, да плаче.. Ваквата ситуација не треба да се игнирира бдиејќи детето се соочува со губиток на нешто драго. Најсоодветно би било да му кажете „Знам дека си тажен заради тоа што го изгуби медо, како може да ти помогнам?“ Така, вие сочувствувате со него и не се чувстувуа сам, изоставен.

Како што ќе расте детето тоа ќе станува самостојно и посвесно за себе и околината, така што тантрумите полека ќе се намалуваат се додека не исчезнат засекогаш.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button