Шукова: За решавање на проблемот со загадувањето ќе бидат потребни десетици години

Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова не се согаласува со констатацијата на британскиот весник „Гардијан“ дека граѓаните во Македонија дишат најтоксичен воздух во цела Европа,, но се согласува дека земјата се соочува со проблем со загаденоста на воздухот.
Во интервју за “Радио Слободна Европа“ таа изјави дека е неблагодарно да се каже дека проблемот со аерозагадувањето може да се реши за краток рок, бидејќи потребни се стратегии, дологорочни решенија но и акција за да се направи позитивен исчекор, а според светските пракси, утврдено е дека за решавање на аерозагадувањето, особено за големите градови се потребни десет до 20 години.
„Јас се надевам дека, меѓу другото, и кај граѓаните се подигнала малку јавната свест, па не користат нееколошки материјали за да се затоплуваат. Она што го кажуваа статистиките во Европа и во светот, е дека особено на главните градови им требаат повеќе години за да можат да се справат со овој проблем, односно да се префрлат од нееколошки системи за затоплување, кон еколошки системи за затоплување, коишто помалку го загадуваат воздухот“, вели Шукова за РСЕ.