СПОРТ

Скок од пет позиции: Македонската репрезентација се искачи на 62. место на ранг листата на ФИФА

Скок од пет позиции бележи македонската фудбалска репрезентација на ранг-листата на ФИФА објавена денеска.

„Црвено-жолтите“ март го завршуваат на 62. место, односно пет места погоре во споредба со рангирањето на 10 февруари. Напредокот се должи на победата над Италија пред една недела во Палермо.

Од противниците на Македонците во Лигата на нации, најдобро пласирана е Бугарија (73. место), Грузија е 85-та, додека Гибралтар се наоѓа на 203. место.

Во ТОП 10 репрезентации се: Бразил, Белгија, Франција, Аргентина, Англија, Италија, Шпанија, Португалија, Мексико и Холандија.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button