ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Скоро 35.000 членови на избирачки одбори се обучуваат за гласањето со отисоци

До неколку дена пред изборите Државната изборна комисија ќе обучи околу 34.800 членови на избирачките одбори за употреба на биометриската опрема за идентификација на гласачите. Покрај обуката, избирачките тела ќе добијат инструкции и видеа за ефикасно користење на терминалите за отпечатоци.

„Она што го добиваме како информација од теренот, тие се задоволни од она што им се презентира на учесниците на овие обуки“, рече Адмир Шабани, ДИК.

Алсат побара да биде дел од овие обуки за да ја демонстрира постапката за користење на опремата што ќе се користи за прв пат на изборите на 17 октомври. Но, не н беше дозволено со оправдување дека се штитат личните податоци на гласачите.

Иако овој метод е познат како биометриска идентификација и гласање каде уредите треба да ги поседуваат податоците на сите граѓани со право на глас, повторно важечките лични карти или пасоши ќе бидат составен дел од процесот.

„Избирачот нема да може да гласа доколку нема лична карта или пасош со кој ќе се идентификува. Тоа е првиот чекор кога гласачот се приближува до избирачкото место, се проверува документот за лична идентификација, а потоа втор чекор е проверка на идентитетот со помош на биометрискиот уред за идентификација“, додава Шабани.

ДИК обезбеди и доволно резервни уреди ако некој се расипе. Биометриското гласање инаку не е метод што се користи во земјите со развиена демократија, но властите и политичките партии кај нас сметаат дека може да ја вратат довербата во процесот. Биометриското гласање се очекува да ги намали злоупотребите како што се повеќекратното гласање или гласањето во име на друг.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button