Следната недела резултати од ковид-скринингот на учениците

Шест основци биле позитивни на скрининг. Додека трае процесот, Министерството за здравство информира дека веќе се тестирани 1.323 ученици. Според нив, конечните резултати од скринингот се очекуваат наредната недела.
Министерство за здравство
„За повеќето центри за јавно здравје скринингот завршува во петок, а конечните резултати центрите треба да ги испратат најдоцна до средината на следната недела. По обработката на податоците, Министерството за здравство ќе ја објави целосната анализа со која ќе се даде слика за присуството на вирусот Ковид 19 кај учениците во училиштата.“
Во основното училиште „Хасан Приштина“ во Скопје тестирани се 37 ученици од над илјада колку што има училиштето. Еден од нив бил позитивен, но претходно отсуствувал од наставата. Барање на родителите беше да се тестираат што е можно повеќе ученици. Покрај заштитата од Ковид 19, родителите повеќе не дозволуваат децата да одат на училиште ни ако имаат настинка или сезонски грип.
„Радува фактот што свеста кај родителите е веќе подигната. Во моментов во училиштето, во кое има голем број ученици, нема многу кои отсуствуваат, но има и такви кои имаат сезонски грип. Самите родители кога ќе видат дека нивното дете не се чувствува добро пред да дојде на училиште, се јавуваат и кажуваат дека нема да го донесат на училиште без да се уверат дека не е сосема излекувано.“
Според Министерството за здравство, во моментов во земјава активни случаи на корона вирус се идентификувани кај 885 деца на возраст од 0 до 17 години. Исто така, според податоците од националниот систем „Мој термин“, до денеска, 5.800 деца на возраст од 12 до 17 години ја примиле првата доза вакцина, додека 4.860 се ревакцинирани.
Melihate Rustemi