ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Следната недела се очекува Бучковски да замине за Бугарија

Специјалниот претставник на владата за спорот со Бугарија, Владо Бучковски, следната недела се очекува да се состане со бугарскиот државен врв.

„Се надевам дека Бучкоски ќе биде примен во Бугарија на највисоко можно ниво, така што ќе можеме отворено да разговараме за можностите за надминување на разликите сега, за да можеме да одиме напред кон одржување на првата меѓувладина конференција“, рече Бујар Османи, министер за надворешни работи.

Министерот за внатрешни работи Спасовски повтори дека идентитетот не е на преговарачка маса.

Владата останува посветена на продолжување на разговорите со Софија за решавање на спорот дури и ако не се постигне компромис до 10 декември, кога ЕУ конечно ќе одлучи дали да ги започне преговорите за членство со земјата или не. Владата работи со Софија за усогласување на заедничкиот патоказ за спроведување на обврските што произлегуваат од Договорот за добрососедство.

Вчера МАНУ, Македонската православна црква и Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ преку заеднички меморандум, наречен „Македонски манифест“ ги повикаа надлежните институции  преговорите со Софија да бидат принципиелни, почитувајќи го достоинството на Македонскиот народ и неговиот историски, јазичен, културен и религиозен континуитет.

Инаку, почетокот на преговорите со ЕУ, Софија го условува со почитување на јазичната формулација во согласност со Договорот од 2017 година, со прецизни упатства за спроведување на Договорот и одрекување од тврдењата за македонско малцинство во Бугарија.

Анеса Салиу

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button