СВЕТ

Европа се подготвува за процесот на вакцинација против коронавирус

Европа се подготвува да започне со процесот на вакцинација. Големите земји започнаа да подготвуваат стратегии, додека чекаат одобрување од Европскиот парламент, кој мора да го потврди типот на вакцината. Франција планира да започне со вакцинација во првиот денови во јануари, а првично ќе им биде дадена на старите лица сместени во домовите, а потоа и на здравствените работници, како две најранливи категории од Ковид-19.

„Вакцинацијата на целото население се очекува да започне на пролет“, изјави кратко францускиот премиер .

Истатата стратегија ќе ја следи и Потугалија. Властите најавија дека од јануари до април се очекува да се вакцинираат 1 милион граѓани, главно од ранливите категории. За почеток, Португалија ќе има на располагање 800 илјади дози.

Но наспроти подготвеноста за вакцинација, фармацевтските компании објавија дека ќе производството на вакцини ќе биде ограничено. Најефикасната вакцина на Pfizer & BioNTech поради проблеми со синџирот на снабдување, оваа година ќе произведе 50 проценти помалку вакцини од предвиденото, што значи дека од планираните 100 милиони вакцини, Pfizer на пазар ќе пласира само 50 милиони. Причина за ова според компанијата е доцнење во клиничките испитувања.

Фејсбук, во меѓувреме, објави дека ќе ги избрише објавите што содржат дезинформации за вакцините за коронавирус.

ФЕЈСБУК:

„Ќе ги отстраниме лажните тврдења дека вакцините против Ковид-19 содржат микрочипови, што не е точно, и теориите на заговор за кои знаеме дека не се точни, како што е тврдењето дека во некои одредени делови на популација се користи без нивно одобрување за да се тестира безбедноста на вакцината ”.

Пред неколку дена, властите во Велика Британија ја овластија вакцината Фајзер со што  станаа првата земја во светот што воведе вакцина против Ковид -19. Од друга страна, американската компанија Модерна најави дека од јануари до април 2021 година ќе дистрибуира 125 милиони дози. ОН предлагаат вакцината да се смета за „глобално добро“ и да се дистрибуира бесплатно до сите земји во светот.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button