ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Следуваат уписи во средните училишта, на цена стручните насоки

Средните стручни училишта остануваат единствена надеж за пополнување на местата со дефицитарен кадар. Стручното училиште „Наце Буѓони“ во Куманово, во паралелките на албански јазик за средношколците има три насоки. Машински, електротехника и здравствена насока. Наставниците велат дека сите се атрактивни и им овозможуваат на учениците да стекнат соодветна титула.

„Машинската струка е насока која произведува од игла до локомотива. Во последно време се зголемува побарувачката за работници. Бараат машински ЦНЦ оператори, бараат во техничките и енергетските области за монтажа на клима уреди, вентилации и така натаму. Во исто време се бара и тригодишната насока затоа што треба да се прават разни конструкции кои служат за секакви активности“, рече Халим Мисини, наставник.

„Во однос на електро-механичката насока, три години, учениците се обучуваат за дизајн, монтажа, демонтажа на електрични машини, како и на разни апарати за домаќинство. Се оспособуваат да направат електротехнички шеми и цртежи, како и да откријат и санираат можни дефекти во сериското производство“, рече Асибе Селими Мисини, наставник.

Сите насоки за електротехника наоѓаат примена веднаш по завршувањето на средното образование, особено електротехничкиот и енергетскиот профил.

„Ние тука го даваме теоретскиот и практичниот дел за обновливите енергии, фотоволтаичните системи кои денес се многу актуелни и неопходни поради енергетската криза во нашата земја и во целиот свет“, рече Бујар Далипи, наставник.

Дипломата за квалификуван стручен профил од средно образование се признава и во западните земји ако младите се одлучат за таква иднина.

„Оди во странство, но ако сте квалификувани ќе ви биде многу подобро, ќе работите работа од која ќе имате повеќе корист. Ако одите во странство да работите како обичен работник, не сте направиле ништо“, вели Фердезе Сулејмани, наставник.

Во ова училиште во Куманово во новата учебна година во 10 паралелки на албански јазик можат да се запишат 340 ученици.

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button