РАКОМЕТСПОРТ

ВИДЕО / Мал инцидент на крајот на финалето на Купот во Охрид

На крај од натпреварот дојде мал инцидент кога на излегување кон соблекувалните, на тренерот на Вардар, некој од ракометарите на Пелистер, почна да мава, по што дојде до контакт меѓу ракометраите на двете екипи. Но со брзата интервенција на полиција и службите за обезбедување, се смирија страстите и двете страни се смирија.

Во регуларниот дел ракометарите на Вардар го одбранија трофејот во Купот, откако славеа против големиот ривал Еурофарм Пелистер со 26-25 на финалниот натпревар кој се одигра во СРЦ „Билјанини Извори“. Ова е 16 трофеј за „црвено-црниот“ тим во ова натпреварување. Meчот имаше драматичен крај, откако Еурофарм Пелистер го имаше последниот напад, но беше прекинат со фаул, па последниот обид од девет метри не беше успешен и победата остана за Вардар.

Наградата за најдобар голман ја доби Борко Ристовски, додека Дејан Манасков заврши како најдобар стрелец, а Леонардо Дутра е прогласен за МВП на завршниот турнир кој се играше во Охрид.

Вардар го држи и рекордот по број на титули во Купот на Македонија, откако денеска го освои 16. пехар во историјата.

Мики Трајковски

Фото: 24ракомет.мк

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button