МАКЕДОНИЈА

„Слобода превоз“ бара помош од Владата или ќе ги редуцира автобусите

Приватните превозници во Скопје денеска апелираа Владата да им помогне, оти се соочуваат со економска штета, поради покачувањето на цената на метанот. Директорот на приватното претпријатие „Слобода превоз“, Ленин Јовановски на денешната прес-конференција рече дека е доведено во прашање нормалното функционирање на автобусите, оти превозниците се соочуваат со бројни проблеми, а поскапувањето на метанот е само дополнителен удар.

Цената на метанот се зголеми за двојно и сега изнесува 110 денари, а до пред нова година беше околу 46 денари.

На метан возат 21 автобус од Слобода превоз и 33 на ЈСП-Скопје. Помош од Владата минатата недела побара и ЈСП.

„Во моментов, кон добавувачите на метан и нафта имаме долг од 43,5 милиони денари. Ниту за време на пандемијата не сакавме да организираме протести, бидејќи го имавме предвид актуелниот момент, не сакавме дополнително да ги оптоваруваме граѓаните и да ја прекинеме работата. Одевме на помал отпор, се обраќавме со писма, вербални притисоци, но за жал ништо од тоа не беше прифатено, никаква комуникација немавме за да го решиме тој проблем. Единствено ни остана приватните превозници да се задолжуваат кај добавувачите и да подигнат кредит, за да можат да ја извршат услугата што одговорно ја преземале во интерес на граѓаните“, рече Јовановски на прес-конференција.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button