ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Случај „Трезор“, обвинителството бара затвор за Мијалков и останатите обвинети

Обвинителството бара судот да ги осуди на затвор екс-директорот на УБК,  Сашо Мијалков и вработените во МВР, Горан Грујевски, Тони Јакимовски и Небојша Стајковиќ. Ги товари за злоупотреба на службената положба при набавката на опрема за прислушување преку фирмата „Финзи“ во 2010 година. Системот за следење комуникации не го набавила полицијата, туку приватната фирма „Финзи“. Во неа имало само еден вработен – сликарот Коста Крпач, кој инаку се самоуби пред пет години. Според обвинителството, со одлуката опремата да ја набави „Финзи“ направена е штета од 860 илјади евра. Дополнително со анекси на основниот договор исплатени ѝ биле и над 280 илјади евра за одржување на сис.

„Секој од обвинетите треба да надомести висина на штета и тоа: Обвинетиот Сашо Мијалков 11 милиони 567 илјади денари. Горан Грујевски 11 милиони 567 илјади денари. Обвинетиот Небојша Стајковиќ 6 милиони денари и обвинетиот Тони Јакимовски 7 милиони и 996 илјади денари.“

И додека обвинителството изминативе четири годни се обидуваше да докаже дека краен сопственик на фирмата „Финзи“ во земјава бил Мијалков и оти на сметка на компанијата доаѓал прилив на пари од оф-шор дестинацијата Кипар, неговите адвокати се убедени дека обвинителството нема докази.

„Заклучок на одбраната е дека единствен доказ е дека нема доказ дека обвинетите го извршиле кривичното дело.“

Обвинителството освен што побара да ги прогласи обвинетите за виновни, побара и да се конфискуваат пари на две сметки во висина од околу 15 илјади евра, како и едно ауди А4 кое проценето исто на околу 15 илјади евра. Сепак обвинителите не кажаа за чии сметки станува збор. Одбраната завршен збор требаше да даде идниот понеделник, но судот го одложи за 5 – ти април.

Bojan Stojanovski

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button