ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Собранието скроз „зариба“, нема кворум да се изгласа ни државната финансиска помош

Собранието останува нефункционално. Фалат пратеници кои се во изолација поради Ковид-19, па мнозинството нема потребен кворум за одржување на седници. Додека не се вратат нема да биде свикана нова седница. Спикерот Џафери вели дека не сака решението за блокадата да го наоѓа низ ситуации од минатото.

„Тие поставуваат ултиматум додека не се донесе законот. Како можам да знам дали законот ќе помине и дали ќе помине ако не го добие потребното мнозинство од 1/3 од гласовите. Ова е пинг-понг политичка игра за теснопартиски цели од сите страни, без исклучок. Од оваа причина, јас сум должен да го продолжам рокот на седницата, бидејќи е бесмислено да ги поканувам пратениците да дојдат утре и да го кажат на седница она што го имам како одговор од координацијата дека не може да се одржи.“

Македонската опозиција бара вонредна седница со три предлог-закони и одлука за кризната состојба во местата каде се наоѓаат транзитните центри за мигранти. Според нив, петтиот пакет економски мерки го блокира самата Влада.

Албанската опозиција со преку 400 амандмани ги блокираше предлозите за продолжување на кризната состојба. Алијансата за Албанците и Алтернатива нудат решенија за извлекување на Собранието од блокадата.

„Тие постојано велат дека имаат и предлог-закон за државјанство. Направив, јавна покана во координација, дозволете ни да го донесеме законот за државјанство што го имаат и доколку навистина го имаат заедно со нашиот предлог, усогласете ги во заеднички закон што може да оди во име на сите парламентарни групи и да биде во интерес на граѓаните кои се засегнати од ова прашање. Наидов на молк од мнозинството.“

СДСМ смета дека решение за блокираното Собрание треба да се најде во рамките на самата институција, а не преку лидерска средба, како што најави Зоран Заев.

Во парламентарното мнозинство моментално недостасуваат двајца пратеници кои се во изолација, додека повеќе од 20 предлог-закони се блокирани. Албанската опозиција досега поднесе 32 илјади амандмани, додека во наредните денови овој број се очекува да достигне 45 илјади. Тие исто така блокираа и нацрт-закони од областа на безбедноста. Дознаваме и дека Алијанса и Алтернатива ќе го блокираат и предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за поништување на законот за попис.

Adrian Kerimi

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button