ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Со вработување на родителите децата ќе се тргнат од питачење

Пред само 6 месеци Алмедина питаше на улица да обезбеди храна за нејзините 8 деца.

Како дете и самата израснала на улица и молела за милостина, а откако се омажила, сиромаштијата повторно ја натерала да излезе на улица и да моли за милостина. Пред само 6 месеци се вработила заедно со сопругот и сега вели дека од приходите може да се обезбеди храна и облека за нејзиното семејство.

Во Шуто Оризари денеска беше и претставникот на народниот правобранител Васка Бајрамовска, која рече дека соработката на родителите и институциите почнала да дава резултати.

Во центарот „Патот на надежта“ во Шуто Оризари има околу 20 деца кои до неодамна питачеа на улица, додека според советничката на народниот правобранител Бајрамовска, повеќе од 100 деца секојдневно се на улица и питачат и ова според неа е алармантно. Таа ги повика институциите повеќе да се посветуваат на овие деца.

Авни Тахири

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button