ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Со закана од пиштол успеале да изнудат 20.000 евра, приведени две лица од Скопје

Со закана од пиштол успеале да изнудат 20.000 евра, приведени две лица од Скопје

Од страна на СВР Струмица, заедно со Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за општ и насилен криминал во координација со полициски службеници од СВР Скопје, по преземени мерки и активности, од слобода се лишени И.Ј.(40) од Струмица и Ф.С.(36) од Скопје, се сомничат за сторено кривично дело „изнуда“, соопшти полицијата.

Имено, на 09.08 2022 А.Т. од Струмица пријавил дека во изминатата година осомничените И.Ј. и Ф.С. во повеќе наврати со вербални закани и со закана со пиштол од него успеале да изнудат околу 20.000 евра.

Од страна на СВР Струмица до ОЈО Струмица против двете лица е поднесена кривична пријава.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button