ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Собранието ќе расправа за резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ за „црвените линии“ со Бугарија

Собранието денеска треба да продолжи со работа по 47-та седница, на чиј дневен ред е Предлог-резолуција за утврдување на македонските државни позиции во контекст на блокадите на европските интеграции, поднесен од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Владејачкото мнозинство најави дека нема да ја прифати резолуцијата доколку во неа не биде внесено уставното име. Во таа насока, група пратеници од мнозинството поднесоа амандман со кој во поднесената Резолуција на ВМРО-ДПМНЕ за националните „црвени линии“ се вметнува додавката Северна.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button