СВЕТ

Индонезија воведува итни мерки поради нов бран на Ковид-19

Индонезија оваа недела ќе воведе „итни мерки“ поради силниот бран на епидемијата на корона вирусот, изјави денеска претседателот Јоко Видодо. Бројот на новоинфицирани достигна 21.000 случаи дневно, а властите го потврдија ширењето на особено заразните соеви на вирусот.

„Оваа ситуација нè принуди да преземеме поостри мерки. Одлучив итно да воведам ограничувања“, рече шефот на државата. Примената на рестриктивните мерки ќе започне во сабота на 3 јули и ќе трае до 20 јули во Џакарта и на островите Јава и Бали, кои се најтешко погодени од епидемијата.

Според најавените мерки, вработените ќе работат од дома, а наставата ќе се одржува исклучиво преку Интернет. Трговските центри и џамиите ќе бидат затворени.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button