ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Собранието обработи 2 илјади амандмани за измена на Деловникот, има уште 1.000

Собраниските служби сè уште работат на предложените амандмани на предлогот за изменување и дополнување на Деловникот за работа на Собранието. Досега се обработени околу 2.000 амандмани, додека 1.000 други треба да бидат технички разгледани од службите и преведени на албански и македонски јазик. Опозицијата не прифаќа дека станува збор за блокада, туку за единствен достапен механизам за спротивставување на парламентарното мнозинство.

Мнозинството тврди дека опозицијата предложила нелогични амандмани. Според СДСМ, опозицијата го менува начинот на блокирање на работата на Законодавниот дом во време кога пратениците од мнозинството излегле од изолација.

Амандмани предложи и албанската опозиција. Состанокот на Комисијата за деловнички, мандатни и имунитетни прашања ќе биде свикана по официјалното соопштување на бројот на амандмани. Седницата којашто беше закажана пред неколку дена беше одложена на неодредено поради најавата за голем број амандмани.

Адријан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button