ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Кризен штаб – Тетово: Состојбата со ковид-19 критична!

Тетово е еден од најпогодените градови од корона вирусот. Од кризниот штаб велат дека и покрај намалениот број, ситуацијата останува тешка.

„Епидемиолошката состојба, иако стабилна, продолжува да е критична. Апелираме до граѓаните да останат посветени на мерките за здравствена заштита во борбата против ковид 19“, рече Теута Арифи, Претседател на кризниот штаб во Тетово.

Во моментот во тетовската болница има 47 лица, од кои 42 се со кислородна помош.

Лекарите велат дека ситуацијата е тешка, но и покрај тоа, гужвите пред банките и државните институции се масовни.

„Чекам пензија, картичка, кога ја зимаме, гледаме дека направиле грешки. Чекам по три часа да влезам пак. 15.000 денари земам, двајца сме и двајцата болни, жена ми е инвалид, како да живеам, немаме излез, чекаме“…

„Дојдов рано да земам пензија, но не можам да ја земам затоа што има секој ден гужва. Финансиски сме катастрофа, има луѓе што страдаат за леб. Тие плати што ги добиваме, сите за струја и телефон одат. Отидовме залудно“, реагираат жителите.

Во Тетово досега 151 лица го загубија животот од ковид 19. Бројот на заразени од почетокот на пандемијата достигна 3.811 лица, додека во моментов се активни 942 случаи. Бројот на заразени во градинките и училиштата исто така се намали. Постојат два активни случаи во градинките во Тетово, додека во основните училишта има 14 позитивни наставници и четири одделенски групи се во изолација. Исто толку позитивни случаи има и во средните училишта.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button