ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Сојуз на средношколци: Скратени наставни програми продолжуваат да бидат дел од нашите барања

Сојузот на средношколци во реакцијата до Министерството за образование и наука објаснува дека не се залага за укинување на државната матура, туку поради сегашната ситуација таа да биде изменета. Државната матура, според Сојузот, треба да се полага по скратени наставни програми и методологии. Но, како што велат, тие програми треба да се однесуваат на сите предмети, а не само на неколку. Од Сојузот напоменуваат дека скратените наставни програми беа и продолжуваат да бидат дел од нивните барања упатени до институциите.

Исто така, тие посочуваат дека без разлика на тоа што МОН додал дополнителни изборни предмети (географија и информатика) во сегашната концепција, тоа воопшто не го менува фактот дека учениците би полагале четири предмети, доколку МОН не ги прифати нивните барања.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button