ВЕСТИЗДРАВСТВОМАКЕДОНИЈА

Сомнителна шема за земање лекови на онкологија

Во периодот кога изби скандалот за недостиг на милиони евра за терапии против рак, техничарот на интерната аптека на Онкологија е осомничен дека наводно примил 100 евра мито. Семејството Уштеленца од Дебар вели дека нивниот син бил жртвуван за да се сокрие шемата на поголемите злоупотреби кои со години се случуваат на клиниката. Неговиот татко вели дека правдата за 24-годишниот Калтрин ќе ја бара во државните органи.

„Како што ми кажа синот, тие лекови кои се многу скапи, одат со потпис на директорот и комисиите. Нема шанси фармацевт да ги издаде без потпис на повисока личност. На Онкологија има процеси со години, се зборува за огромни суми кои јас, а камоли син ми, никогаш не сум ги видел, а обичен работник не може да влезе во тие процеси. Не можеме да кажеме кој е одговорен, има надлежни органи“, рече Беким Уштеленца, родител на осомничениот.

Но, како всушност функционира можната шема за земање скапи терапии од пациенти со рак?

Од интерната аптека на Клиниката за онкологија велат дека немаат никаков контакт со пациенти и единствена можност да добијат лекови од таа аптека е со лекарски извештај и за терапии кои треба да се даваат во клиниката.

Од петте вработени во интерната аптека, специјалистот кој работи 11 години, Билјана Настова, вели дека недостигот на лекови е последица на тоа што Фондот за здравство не го одобрил дополнителниот буџет. Но, таа негира дека некој може слободно да земе д резервите терапии вредни десетици илјади евра.

Годишниот буџет на Клиниката за онкологија е околу 14 милиони евра, од кои околу 10 милиони годишно се трошат само за давање терапии против рак. Но, сегашното раководство со медицинскиот директор Нино Васев и организациониот директор Нехат Нухи велат дека тоа не е доволно, барајќи зголемување на буџетот за 2023 година за 40 отсто. Во моментов Фондот за овие три месеци за Онкологија одобри 5,5 милиони евра.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button