МАКЕДОНИЈА

Состојба на границите – еве каде се чека најмногу денеска

На сите гранични премини, освен на Табановце, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ.

На Табановце времето на чекање и за влез и за излез од државата е околу 30 минути.

Поради изведување градежни работи (асфалтирање), од денеска до 12 септември 2022 на патниот правец Охрид – Ресен преку Галичица сообраќајот ќе биде во прекин помеѓу 09:00 и 15:00 часот само во работни денови.

Од 9 до 20 август 2022 и сообраќајот на патниот правец раскрсница Маврово – Галичник Р- 2238  е во прекин помеѓу 10:00 и 16:00 часот поради изведување градежни работи (асфалтирање). Работите се изведуваат само во работни денови.

Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button