ВЕСТИСВЕТ

Советот за безбедност на ОН одлучува за американската резолуција за итен прекин на огнот во Газа

Советот за безбедност на ОН денеска (22 март) ќе гласа за нацрт-резолуцијата на САД со која се бара итен прекин на огнот во Газа и договор за заложници меѓу Израел и Хамас.

Со тоа, Соединетите Држави ќе го зголемат притисокот врз Израел, со цел да дозволат поголема хуманитарна помош и подобро да ги заштитат цивилите во Појасот Газа, кои секојдневно се бомбардирани.

Портпаролот на американската мисија во ОН, Нејт Еванс, рече дека резолуцијата е резултат на многу рунди консултации со претставниците на земјите-членки на Советот.

Резолуцијата означува заострување на ставот на Вашингтон кон Израел.

Американците во минатото не сакаа да повикаат на прекин на огнот и ставија вето на мерките што вклучуваа повици за итен прекин на огнот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button