ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Спасовски: Амблемите на полицијата нема да бидат двојазични за централните служби и единици

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вели согласно Уредбата што неодамна ја донесе Владата двојазични амблеми ќе има само за службите на локално ниво, таму, каде што официјален јазик е и албанскиот. Амблемите, нагласи, нема да бидат двојазични за централните служби и единиците кои се на ниво на држава.

-Таму каде што на локално ниво се работи, значи за амблемите на униформа на локално ниво во градови каде што официјалниот јазик е албанскиот јазик. Значи, на централните служби кои се однесуваат за цела држава нема никаква промена да има во делот на униформите, сходно на тоа и на единицата „Тигар“ и на „Единицата за брза распределба“, рече Спасовски.

Тој додаде дека се остава период од една година за имплементација заради тоа што има постапка за трошењето на буџетските пари и рече дека донесената Уредба произлегува од Законот за употреба на јазиците.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button