ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

На 7 април објава на пресуда за „Меѓународен сојуз“

Одлуката на судот за предметот „Меѓународен сојуз“ во кој првообвинет е Бојан Јовановски – Боки 13 ќе биде објавена на 7 април 2022 година, информираше денеска судијката Софче Гаврилова – Ефремова по завршните зборови на Јовановски, кој пак му предложи на судот да не му се суди по ликот и делото, туку по доказите.

-Од се досега изнесеното, неспорно се утврди дека кривичното дело не е сторено, бидејќи немало ни мотив ни идеја, единствено сме работеле да се оствари проектот. Му предлагам на судот одлуката да ја базира на докази и да се оттргне од шпекулации. Предлагам  во целост да донесе ослободителна пресуда по обвенението и апелирам и молам на законита пресуда. Да не судат мојот лик и дело, да се судат доказите. Се чуствувам комплетно невин, истакна во завршните зборови Боки 13.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button