ВЕСТИРЕГИОН

Србија: Во 97 основни училишта утрово стигнале дојави за поставени бомби – биле лажни

Дури 97 основни училишта во Белград, како и некои средни училишта утринава добиле дојави за бомби, соопшти Министерството за образование.

Advertisements

По детална проверка на противдиверзивните екипи на МВР во поголем број училишта, утврдено е дека пријавите за поставените бомби се лажни, се наведува во соопштението на Министерството.

„Учениците се вратени на настава, а во училиштата каде што сè уште трае безбедносната проверка, учениците се пратени дома. Откако ќе заврши увидот во училиштето, учениците ќе бидат вратени на настава“, нагласуваат од министерството.

Пријавите стигнале во раните утрински часови, во едно од училиштата било во 6.15 часот.

Во петокот три трговски центри, четири студентски домови и некои други објекти во центарот на Белград добиле дојава за бомби.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button