ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Поради дефект дел од Општина Центар денеска без вода

Поради дефект на водоводна цевка со пречник од 80 милиметри на крстосницата меѓу улиците „ Аминта Трети“ и „Наум Наумовски Борче“ во Општина Центар денеска од 9:00 часот со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на улицата „Аминта Трети“ на потегот од улицата „Пиринска“ до булеварот „Партизански одреди“ и делот од улицата „Наум Наумовски Борче“ од улицата „Аминта Трети“ до  улицата „Орце Николов“.

Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато се до санирање на дефектот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button