ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во Тетовско Денот на полицијата одбележан со оддавање почит на загинати полицајци

Во рамки на одбележувањето на Денот на македонската полиција 7 Мај, денеска делегација на Секторот за внатрешни работи Тетово ги посети гробовите на неколкумина трагично загинати полицајци од тетовскиот регион. Покрај тоа во кругот на полициската станица за безбедноста на патниот сообраќај беше положено цвеќе пред спомен бистата на Цоки Стојановски, полицаец загинат во 2001 година.

-Со полагање цвеќе почит им беше оддадена полицајците Цоки Стојановски, кој загина во 2001 година, Сашо Самојловски и Жарко Кузмановски двајцата припадници на специјалните единици на македонската полиција од Тетовско кои загинаа на 9 мај 2015 година во антитерористичката акција во кумановската населба „Диво насеље“ . Колегите му оддадоа почит и на Дано Петрески службеник, крим-техничар кој го загубил животот во полициска акција во Палчиште во 1997 година.  Почит со полагање свежо цвеќе Тетово му беше оддадена и на полицаецот Живко Јовановски кој почина во 2014 година во несреќен случај, информираше Зоранчо Талев, командир на сообраќајната полиција.

На оддавањето почит на загинатите полицајци беше и делегации на тетовската касарана предводена од командантот Игор Спировски и Сојузот на борци од Тетово.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button