МАКЕДОНИЈА

Средба на Шилегов со градоначалникот на Тирана, Велиај

Градоначалникот Петре Шилегов денеска имаше средба со градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај, кој е во еднодневна посета на Скопје. На средбата, двајцата градоначалници разговарале за досегашната успешна соработка меѓу Скопје и Тирана и за можностите таа соработка меѓу двата збратимени града да се продлабочи.

Како што информираат од Град Скопје, на состанокот се зборувало и за концептот на зелени градови, планирањето на просторот и за урбаната отпорност, актуелни теми кои ги засегаат и двете локални самоуправи.

-Шилегов и Велиај дискутираа и за можностите за забрзан економски развој на Скопје и на Тирана и за концептот на паметни градови. Тие разменија позитивни искуства за одржливиот урбан транспорт, инфраструктурните решенија и подигнувањето на комуналната хигиена. По средбата, двајцата градоначалници возеа велосипеди низ Градскиот парк, го посетија Дино паркот и направија прошетка до новата тартан патека во паркот, стои во соопштението.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button