ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Средба Заев-Гир: Да се направат сите напори за отворање на преговорите и одржување на првата меѓувладина конференција

Треба да се направат сите напори за операционализирање на историската одлука на Европската Унија за отворање преговори со Северна Македонија, со цел одржување на првата меѓувладина конференција до крајот на 2020 година за време на германското претседателство со ЕУ, се согласија премиерот Зоран Заев и евроамбасадорот Дејвид Гир на денешната работна средба во Скопје.

Премиерот Заев, информираат од владината прес-служба, подвлече дека Владата е цврсто посветена на својата агенда за интеграција во Европската Унија, што е стратешка цел на земјата, при што додаде дека заклучоците на Советот на ЕУ од март 2020 година, потврдија дека земјата е подготвена да ги отвори пристапните преговори со ЕУ.

Беше констатирано дека следејќи ги препораките содржани во Извештајот на Европската комисија за 2020 година, Владата прави силни напори да ги зајакне домашните ЕУ реформи на ефикасен и инклузивен начин. Покрај тоа, премиерот Заев изрази благодарност за планот за економски инвестиции усвоен од Европската Унија, како силен сигнал за посветеноста и поддршката на ЕУ за економскиот напредок на регионот на Западен Балкан.

Амбасадорот Гир исто така ја истакна важноста на постојаните напори за решавање на отворените билатерални прашања и ја поздрави заложбата на Владата да продолжи да напредува во спроведувањето на реформите поврзани со Европската Унија, кои пред сѐ, се во интерес на сите граѓани, но и важни за приближување на Северна Македонија кон ЕУ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button