ЕКОНОМИЈА

ССМ: Владата да донесе одлука за зголемување на платите за 18,4 отсто

Владата да донесе одлука за зголемување на платите за 18,4 отсто согласно Законот, а не да ги манипулира работниците со паушални зголемувања на платите од 2, 3, 5, 10, 15 отсто без никакви критериуми, реагира Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ).

-Владата на седница веднаш да донесе Одлука за зголемување на платите на вработните во јавниот сектор за 18,4 отсто согласно усогласувањето утврдено во Законот и да не прави дискриминација на своите вработени со паушални зголемувања од 2, 3, 5, 10 или 15 проценти со што прави обид да го минира генералниот штрајк, а прави уште поголем револт кај вработените, наведува ССМ во денешното соопштение до медиумите.

Според Сојузот, Владата води погрешна политика, мислејќи дека креира политики со кои се справува со кризата, а податоците го покажуваат спротивното, дека разликата меѓу просечната нето плата и синдикалната кошница во 2022 година е 7.384 денари.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button