ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Стар закон, а нов софтвер – 40.000 граѓани останаа без лични карти

Околу 40.000 граѓани чекаат нови лични карти, а неважечките им прават проблеми. Ако имате истечена лична карта, а сте се фотографирале за нова, само со листот издаден од МВР, моментално во банка не можете да направите трансакција, а доколку треба да ажурирате податоци и не го сторите тоа, сметката може да ви ја блокираат. Ова следи откако МВР користи друг систем, а не може да ги изададе личните карти бидејќи Собранието сè уште го нема изгласано Законот за лични карти, со кој, во нив се впишува новото Уставно име – Република Северна Македонија.

Бидејќи потврдата (исечокот од апликацијата) што граѓаните ја добиваат при поднесување на барањето за лична карта, како доказ дека постапката за издавање на нов документ е во процедура, не ги задоволува интерните политики на одредени деловни субјекти, МВР работи на изнаоѓање на процедурални решенија со кои што ќе им биде овозможено на граѓаните да ги остварат своите права низ институциите. МВР апелира до деловните субјекти, особено оние од банкарскиот сектор, да ги прифатат потврдите од граѓаните како доказ дека постапката за издавање на нов документ е во процедура, односно да им излезат во пресрет на своите клиенти, со цел навремено подигање на нивните исплатени месечни приходи – велат од МВР.

Според информации на Алсат, најверојатно од идната недела граѓаните кои имаат само потврда дека се во процедура за издавање на лична карта или пасош, ќе можат да направат трансакции во банките со приложување на листот од МВР и неважечкиот докумет. Со нив, исто така ќе можат и да ги ажурираат податоците. Но, ова, официјално ќе треба да го овозможи Управата за финансиско разузнавање. Оттаму за Алсат брифираат дека се наоѓа решение за граѓаните и го најавуваат до крајот на оваа недела. Премиерот Зоран Заев потврди дека се наоѓа решение за граѓаните за од банка да можат да ги подигнат пензиите и социјалната помош, но и да вршат било какви трансакции. Но, тој е загрижен и за друг проблем со истечените лични карти.

Го разгледуваме начинот како да ги најдеме решенијата како тие граѓани да гласаат. Ако има пасош ќе гласаат со посошот како друг документ за идентификација дозволен по изборниот законик, но ако немаат пасош, а веројатно еден дел немаат, а немаат валидна лична карта, истечената не важи. Министерството за правда бара решение заедно со ДИК за ова – рече Зоран Заев, премиер.

Законот за лични карти МВР во Собранието го испратило уште во март, со план законското решение да се пименува од 1 јули. Оттогаш се поминати месец и половина, а допрва пратениците треба да рагледуваат повеќе од 1.500 амандмани поднесени од Левица, иако на 1 август пратениците заминаа на одмор.

Игор Стефановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button