ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Стејт Департмент: Корупцијата останува проблем во бизнис климата

Отворањето и водењето на бизнис во Македонија е генерално лесно, но главниот и постојан проблем и натаму останува корупцијата. Ова е нотирано во извештајот на Стејт департментот за климата за инвестирање во С. Македонија. Според извештајот целокупната регулаторна средина во земјата е сложена бидејќи често се менуваат законите и регулативите кои создаваат непредвидливост на деловното опкружување.

„Водењето бизнис е генерално лесно во Северна Македонија и правната рамка главно е во согласност со меѓународните стандарди, корупцијата е постојан проблем. Големите странски инвеститори кои работат во технолошките индустриски развојни зони генерално пријавуваат позитивни искуства со инвестиции. Сепак, целокупната регулаторна средина останува комплексна и честите регулаторни и законски измени, заедно со неконзистентно толкување на правилата, создаваат непредвидлива бизнис средина погодна за корупција“, се наведува во извештајот од Стејт департментот.

Од кабинетот на вицепремиерот за борба против корупцијата велат дека сите забелешки во извештајот ќе се земат во предвид .

„Конкретно во делот со борба против корупцијата има нотирано одредени слабости пред 2019-та, овие детектирани слабости се решаваат преку мерките содржани во Планот за борба против корупцијата, преку кој моментално се работи на подобрување на законот за јавни набавки како и носење на интерни процедури во секоја институција“, наведоа од Кабинетот на вицепремиерот за борба против корупција.

Од опозициската Алијанса за Албанците велат дека критиките во извештајот се поради корумпираните функционери кои што продолжуваат со истите методи на работа како нивните претходници. Од партијата реагираат дека ова е доказ дека во земјава не се проблем законите туку нивното спроведување.

Андреа Чобанова

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button