РЕГИОН

Полициска акција во Црна Гора- криминална група планирала убиства на функционери

Во повеќе црногорски градови е преземена акција за апсење на лица осомничени дека планирале убиства на неколку јавни функционери, објави Телевизија Црна Гора, повикувајќи се на неофицијални извори.

Додека весникот Вијести објави дека акцијата е насочена кон шестчлена криминална група, блиска до шкаљарски клан, која со месеци го следела движењето на судијката од специјалното оделение Биљана Ускоковиќ и планирале физички да ја нападнат.

Ускоковиќ била следена во Подгорица, но и во Котор, каде што живее, а пред неколку месеци добила и полициска заштита. Повеќето членови на криминалната група денеска беа уапсени по наредба на специјален обвинител, а двајца членови се во затвор во Украина, под обвинение дека се обиделе да го убијат еден од водачите на кавачки клан.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button