МАКЕДОНИЈА

Стоев: Мониторинг од ЕУ е гаранција дека С Македонија ќе ги исполнува билатералните договори

Бугарскиот министер за надворешни работи Светлан Стоев истакна денеска дека нивната политика кон Северна Македонија е доследна и оти предлагаат продлабочување и рестартирање на дијалогот и тоа да биде од двонасочна перспектива.

-Вториот сегмент, на кој се работи е враќање на темата во нормалните европски формати, каде треба да се разгледаат тие прашања меѓу државите-членки на Европската Унија, и каде што ќе се дадат гаранции на Бугарија, дека тоа што е договорено на билатерална основа, ќе се исполнува и во иднина. Тој мониторинг од страна на ЕУ е гаранцијата дека билатералните договори што се потпишани и кои претстои да бидат потпишани, ќе бидат исполнувани. Тоа е тактиката, стратегијата. Ние очекуваме конструктивен дијалог од страна на Република С Македонија, рече Стоев.

Како добра можност за дијалог за билатералните односи ја оцени заедничката посета на претседателите на Бугарија и на Северна Македонија, Румен Радев и Стево Пендаровски, кои заедно во Рим ќе го чествуваат денот на светите браќа Кирил и Методиј.

За време на презентацијата на својот тим, Стоев претходно најави дека прв приоритет ќе биде враќање на довербата и интензивирање на билатералниот дијалог меѓу Бугарија и Република Северна Македонија.

Според Стоев, ова е актуелно прашање за кое треба да се разговара. – Ние сме отворени за дијалог. Она што е потребно е постојаност, конструктивен став во дијалогот и можам да кажам дека целта е да се постигнат одржливи и неповратни резултати во воспоставувањето на довербата меѓу двете земји, рече министерот Стоев.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button