ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Регистрирани 14 нови случаи на Ковид-19, починаа 13 пациенти

Во текот на последните 24 часа, од 1.489 извршени тестови на национално ниво, регистрирани се 14 нови случаи на Ковид-19, од кои 10 во Скопје. Во меѓувреме, Институтот за јавно здравје објавува дека 103 пациенти се  излекувани, дознава Алсат. За истиот периот битката со Ковид-19 ја изгубиле 13 пациенти.

Од почетокот на пандемијата, во нашата земја се регистрирани вкупно 155.071 случаи, од кои 147.043 се излекувани, а 5.342 починале. Во нашата земја во моментов има 2.686 активни случаи.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button