ВЕСТИСВЕТ

Стопирана помошта од САД за Украина

Украинскиот претседател е загрижен што Америка го испратила последниот пакет помош од расположливите резерви и нема повеќе средства. Во Украина има околу 12 милиони пензионери кои едноставно ќе умрат ако не добијат пензија, се пожали тој.

Соединетите Американски Држави повеќе не можат да испраќаат воена помош за Киев, финансирањето престанува, потврди на брифингот координаторот за стратешки комуникации на Белата куќа, Џон Кирби.

„Го испративме последниот пакет помош за Украина од расположливите резерви, нема повеќе средства. Помошта е запрена… Затоа е клучно во Конгресот да помине тоа дополнително барање од национална безбедност“, објасни Кирби.

Последниот пакет помош вреден 250 милиони долари беше одобрен од американскиот претседател Џо Бајден на крајот на декември. Тој побара од Конгресот да гласа за неговото барање за дополнителен буџет од над 100 милијарди долари од кои повеќе од 60 милијарди би биле наменети за Украина.

Републиканците ја блокираа таа мерка, барајќи од Белата куќа и демократите во Конгресот да се согласат за нивниот план за заострување на безбедноста на границата со Мексико.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button