ЗДРАВСТВО

Меџити: Пукањето пред болницата во Тетово нема поврзаност со здравството

Пукањето што на 11 јануари се случи пред Ургентниот центар во Клиничката болница во Тетово нема поврзаност со здравство во ниту една точка, изјави денеска, 12 јануари, министерот за здравство Фатмир Меџити.

Тој вели дека станува збор за нерешени проблеми меѓу две групи кои случајно се нашле во дворот на болницата. Во пукањето, две лица беа ранети.

„Колку што знам, информација од директорот на болницата во Тетово, двајцата се префрлени во Скопје. Едниот е во потешка, едниот е во потешка, едниот во полесна состојба. Тие се во КАРИЛ. Другото, се ќе расчисти МВР и понатаму и обвинителството“, вели Меџити.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button