ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Стружани можат да пијат вода од градскиот водовод, водата е бактериолошки исправна

Тргната е неколку дневната забрана за употреба на водата за пиење од градскиот водовод во Струга.Откако микробиолошките анализи покажаа дека водата е бактериолошка исправна, од денес стружани можат да ја конзумираат. Водата беше забранета за пиење и одржување на лична хигиена, по дефектот на водоводната мрежа кој десетина часа ги остави стружани без вода. По ова, водата која течеше од чешмите беше со црна боја. Проблемот со водата во Стрга е чест.

Според надлежните од Јавното претпријатие водовод и канализација, причина за дефектите е старата инфраструктура на мрежата. Од Центарот за јавно здравје во Охрид препорачуваат при повторни дефекти да се изврши хипeрхлорирање на водата пред да се пушти низ водоводната мрежа до домаќинствата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button