ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Времето денеска, сончево со зголемена облачност попладне
Во Македонија денеска ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Попладне ќе има зголемување на облачноста и во западните делови ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурата ќе се движи од 14 до 27 степени.