ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Судењето за случајот „Организатори на 27 април“ е одложено за 23 јануари

Судењето за случајот „Организатори на 27 април“ е одложено за 23 јануари

За само неколку дена ќе се знае дали случајот познат во јавноста како „Организатори на 27 април“ ќе падне во вода и тројца од вкупно четворицата обвинетите ќе бидат целосно амнестирани од одговорност. Одбраната подолг период бара да се примени законот за амнестија од 2018 година за нив, а минатиот месец такво мислење до судот достави и обвинителството.

Advertisements

Сега, на 23 јануари, конечниот збор ќе треба да го даде Кривичниот суд Скопје на чело со судијата Илија Трпков, а доколку тоа се случи ќе значи дека обвинетите Миле Јанакиески, Спиро Ристески и Трајко Вељаноски се ослободуваат од какво било обвинение. Во законот амнестија како исклучок е обвинетиот Владимир Атанасовски, поранешниот директор на УБК, за кого нема да важи амнестијата. Евентуалното пропаѓање на овој случај за СДСМ е доказ дека судството за партизира, критики пристигнаа и од ДУИ, додека премиерот Мицкоски одби да коментира судски одлуки.

„Ова е судска одлука, нема што да додадам, што да коментирам, запомнете дека и за време на расправата и за време на увидот имаше контрадикторни изјави од мнозинството учесници во овој процес„, рече премиерот Христијан Мицкоски.

Случајот „Организатори на 27 април“, кој привлече големо внимание во јавноста , се однесува на обвиненијата за терористичко загрозување на уставниот поредок против поранешните министри Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, против поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски, како и против поранешниот претседател на Собранието, Трајко Велјаноски. Апелацискиот суд во април годинава ја укина првостепената пресуда од јули 2021 година, со која поранешниот спикер во собранието Вељаноски беше осуден на шест и пол години затвор, екс министрите Јанакиески и Ристовски добија казна од 6 години и три месеци затвор, додека поранешниот директор на УБК Атанасовски шест години затвор, а предметот беше вратен на повторно судење./Алсат.мк

Михаило Донев

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button