ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Судијата Беџети кој го чуваше предметот за Мијалков во фиока, не беше унапреден

Кривичниот оддел во Врховниот суд ќе продолжи да функционира етнички неизбалансирано како и со мал број судии бидејќи денеска Судскиот совет не избра ниту еден од 5-те кандидати за оваа функција. Моментално во кривичнаиот оддел на најважниот суд во земјава има само една судијка Македонка, тројца Албанци и една Србинка, додека поради малиот број судии работата е отежната.

Advertisements

Меѓу кандидатите беше и судијата од Апелација, Енвер Беџети, за кого Судскиот совет пред неколку месеци утврди дека предметот „Таргет-Тврдина“каде обвинети се Мијалков, Груевски и други поранешни вработени на тајната полиција го чувал скриен во фиока цели 9 месеци, и сега делото може да застари.

Спомнувањето на овој случај во извештајот на Стејт департментот, не беше пречка четворица членови на Судскиот совет, сепак да гласаат за Беџети – тој да напредува во највисокиот суд во државата, што сепак не беше доволно за да биде избран.

Други кандидати беа Зоран Димитријевски, Данка Ристова, Татјана Дуковска и Енвер Амзаи, кои иронично добија ист број гласови.

Амбициите на судијата Енвер Беџети, против кого Судскиот совет констатираше многу неправилности во работата, не застанаа тука. Се кандидираше и за граѓанскиот оддел на Врховниот суд – но и овде не успеа да биде избран.

Судскиот совет при Апелациониот суд во Гостивар ги избра кандидатите Даут Рустеми и Александар Милошевски, додека за претседател на Основниот суд Тетово е реизбран Хасан Асани. Инаку, недоволниот кадар во судовите во земјава и понатаму останува меѓу главните грижи. Судскиот совет има намера да ги пополни со неодамна дипломираните студенти на Академијата за судии и јавни обвинители, од кои повеќето се покажаа дека се членови на семејства и роднини на политичари.

Ардит Рамадани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button